Во Србија има сезонци од сиромашните земји.
Странските сезонски работници можат да заработат до триесет евра дневно, берејќи овошје и зеленчук. Сè повеќе странци работат на земјоделски насади, особено на оние каде што се берат сливи, капини и боровинки, пиперки или домати. Најмногу работници има од Узбекистан и Египет, пишува Политика.
Според податоците на порталот „Сезонски вработувања“, од почетокот на годинава на сезонски вработувања во земјоделството пријавени се 564 странци со несрпско државјанство. Сепак, од стартот на софтверот за електронска регистрација, поточно од 1 јануари 2019 година до овој јули, регистрирани се вкупно 81.914 сезонски работници.
За разлика од годинава, во претходните беа ангажирани и работници од Непал и Индија, нагласуваат од Националната алијанса за локален економски развој (Налед).
И во Белград веќе има возачи на автобуси дојдени од земји како Индија, Бангладеш и други.