Според анкета, победничкиот аеродром се наоѓа во нашето соседство. Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е најдобро оценет аеродром за чекање во редица, со 66,67 отсто позитивни оценки
Аеродромите се борат да се справат со зголемената побарувачка за летови, предизвикувајќи патувачки хаос. А со зголемениот број на патници доаѓа потенцијалот за големи доцнења.
За да им помогне на патниците да планираат однапред, компанијата за изнајмување одмори Casago состави листа на најдобри и најлоши аеродроми во однос на времето што се поминува во редици, користејќи ги искуствата на патниците од airlinequality.com. Секоја рецензија даваше оценка од една до пет ѕвезди за времето во редици, и ова беше анализирано за да се добие сеопфатен ранг на аеродромите, кој потоа беше организиран по континенти.
Според оваа анкета, победничкиот аеродром се наоѓа во нашето соседство. Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е најдобро оценет аеродром за чекање во редица, со 66,67 отсто позитивни оценки. На второ место заврши аеродромот во Хелсинки, а на третото аеродромот во Штутгарт. На четвртото и петтото место се најдоа меѓународниот аеродром во Малта и аеродромот во Порто.
А најлошите? Тоа би бил аеродромот Гренобл Алпи Изер во Франција, со слаб рејтинг од 1,59 отсто од четири или пет ѕвезди. Згора на тоа, тоа не е само најлошо во Европа, туку и во целиот свет. Вториот аеродром на кој треба да се вооружите со трпение е Берлин Бранденбург, а третиот е оној во Бордо, Франција. Во истата земја, чекањето во редови е очигледно огромен проблем, со оглед на тоа што аеродромот Париз-Бове се најде на четвртото место, а Лондон Станстед на петтото место.