Крадците кои провалиле во куќа во Порденоне, Италија не биле баш среќни, па оставиле белешка за сопственикот на куќата.
"Жал ни е, немаме пари и мора да јадеме. Но гледаме дека и вие немате ништо. Што да се прави, трпение...", напишале на хартијата и излегле од куќата. речиси со празни раце.
Сепак, тие ја искористиле можноста да ги одземат кафематот и фритезата. Бидејќи во пораката имало повеќе граматички грешки, полицијата смета дека станува збор за луѓе кои не зборуваат добро италијански или можеби на овој начин се обиделе да ги доведат во заблуда истражителите, пишуваат италијанските медиуми.
Извор: faktor.mk