Денеска и утре се официјалните датуми за упис на студенти во прва година на 23-те факултети во состав на најголемиот универзитет во државата „Св. Кирил и Методиј“ според конкурсот што го распиша УКИМ, оваа академска година слободни се 10 473 места.
Најмногу, над илјада места има за студиските програми на Правен, ФИНКИ и ПМФ. Идните бруцоши можат да се пријават електронски преку системот за студентски сервиси. Прелиминарната ранг-листа за примените студенти треба да биде објавена на 4 септември, а на факултетите за кои има приемни испити тие ќе се одржат на 1 септември додека прелиминарни резултати се очекуваат на 6 септември. Конечната ранг-листа, пак, ќе се објави на 11 септември.