Лична карта е јавна исправа со која се докажува идентитетот, државјанството, живеалиштето и адресата на граѓанинот на Република Северна Македонија.
Постојат неколку правила кога станува збор за издавањето на личната карта. Она што е ново, а е на денешната седница, е измена на неколку членови од законот. Еден од нив е членот 8 од законот, при што се предвидува дека доколку граѓанинот го промени живеалиштето или податоците од личната карта во тој случај се издава нова лична карта, а притоа е потребно граѓанинот да приложи документ со кој ја докажува промената.
Оваа промена е неопходна како што наведуваат во образложението - Имено, со постојната состојба голем број на граѓани го евидентираат живеалиштето од претходен стан, сè до истекот на важноста на личната карта и реално заради избегнување на одредени законски обврски, при замена на личната карта не ја пријавуваат промената на живеалиштето. Непостоењето на обврска за граѓаните да поднесуваат доказ за живеалиштето при секое поднесување на барање за издавање или замена на лична карта, создаде простор за свесно избегнување на одредени законски обврски на граѓаните.
Ново ќе биде и дека на лица кои имаат над 65 години ќе им се издава трајна лична карта. А лична карта ќе може да извади и во ваше име, член на семејството под овие услови:
- Во законот се додава и решение според кое член од семејството може да поднесе барање за издавање на лична карта за лице не може да го поднесе лично од оправдани здравствени причини и при тоа во прилог на барањето треба да достави документ со кој се докажуваат оправданите здравствени причини заради кои барателот не може да дојде лично.
- Барање
- Уплатница 310,00 денари
- Или преку Пос терминал уплата од 310,00 денари
- Лична карта од еден родител
Прва лична карта за малолетно лице (15 до 18 години возраст)
- Барање
- Уплатница 310,00 денари
- Или преку Пос терминал уплата од 310,00 денари
- потребно е лично присуство на двајцата родители со документ за идентификација
- Извод од матична книга на родените – оригинал или копија
Замена на лична карта
- Барање
- Уплатница 310,00 денари
- Или преку Пос терминал уплата од 310,00 денари
- На увид старата лична карта
Изгубена или украдена лична карта
- Барање
- Изјава
- Уплатница 310,00 денари
- Или преку Пос терминал уплата од 310,00 денари
- Уплатница 60.00 денари за Службен Весник
- Или преку Пос терминал уплата од 60,00 денари
- Дупликат л.карта која не е во важност не треба да се огласи
Замена на лична карта по основ на склучен брак
- Барање
- Уплатница 310,00 денари
- Или преку Пос терминал уплата од 310,00 денари
- Извод од матична книга на родените со новото презиме со склучен брак или извод од матичната книга на венчаните
- Старата лична карта
- Важечка л.карта од сопругот или сопругата
Замена на лична карта со промена на адреса
- Барање
- Уплатница 310,00 денари
- Или преку Пос терминал уплата од 310,00 денари
- Имотен лист или договор за закуп
- Старата лична карта
Личните карти се изработуваат во рок од 15 дена од денот на поднесување на молбеното барање.