Брачен пар бара враќање на парите од авиокомпанија затоа што седеле до куче на лет. Гил и Ворен Прес летаа со прва класа на нивното патување до Нов Зеланд, летајќи 13 часа од Париз до Сингапур на „Сингапоре Аирлинес.“
Парот од Велингтон брзо сфатил дека нивните седишта се до седиштето на патник кој патува со своето куче, што за нв било неприфатливо.
„Постојано воздивнуваше и правеше нешто, му реков на мојот сопруг – нема да го трпиме ова до крај“, се пожали Гил.
Кога ја прашала стјуардесата дали може да се преместат ѝ било кажано дека единствените слободни места се на задниот дел од економската класа.
„Сакаме да ни ја вратат целата сума“
Тие останале таму каде што биле, но тврдат дека мирисот станал неподнослив на половина пат „бидејќи кучето прдело“. Животното наводно им го окупирало просторот за нозете.
„Мојот сопруг беше облечен во шорцеви, а на ногата му течеше лига од куче“, се жали Гил.
Потоа персоналот им ослободил други места и тие се преместиле. Ја испратиле својата жалба преку е-пошта и на крајот им беше понуден ваучер за патување од 200 НЗ $ по патник три недели подоцна.
Сепак, Гил тврди дека ова е неприфатливо и сега бара целосна наплата. „Не го добивме она за што плативме“, вели таа.