Нафтениот пазар во земјите од регионот се менува од ден на ден. Цените кои го достигнаа својот пик, почнаа да паѓаат, но не доволно за да ги израдуваат возачите. Горива не можат да се наточат ниту по приближно исти цени од оние кои важеа пред пандемијата и енергетската криза. На крајот на мај, сите почнуваат да ги планираат своите годишни летни одмори. Не е тајна дека туристите од регионот повеќе патуваат со сопствени автомобили, а поретко користат авионски превоз, особено на поблиските дестинации. Во продолжение, направивме споредба на цените на нафтените деривати во различни земји на Балканот.
Регулаторните комисии за енергетика во земјите од регионот најчесто еднаш неделно донесуваат одлуки за регулираните цени на нафтените деривати. Некои од нив имаат и либерализирани цени, а некои сѐ уште „играат“ со маржите на трговците, за да можат што повеќе да ги заштитат граѓаните од ценовни шокови поврзани со движењето на цените на нафтените деривати на светските берзи.
Македонија со најниски цени на горивата
Компаративната анализа покажува интересни податоци. Токму, Македонија има најниски цени на горивата во регионот. Со цена на дизелот од 1.40 евра по литар, цена на бензинот од 95 октани од 1,45 евра по литар, земјава е лидер на Балканот според цените на нафтените деривати. Ова не е првап земјава да има најевтино гориво во Регионот, уште во јуни Б92, објави анализа за своите граѓаните кои патуваат кон Грција или другите земји,а минуваат низ Македонија, за тоа каде им е најевтино да наточат гориво.
-Ако се упатите кон морето преку Северна Македонија, не двоумете се да резервирате гориво бидејќи за околу 60 евра ќе можете да наполните полн резервоар со еуродизел, ако се земе предвид дека просечниот капацитет на еден резервоар е 50 литри. Исто така, добро ќе се истурите во БиХ бидејќи ќе ви требаат околу две евра повеќе од тоа, односно 60 евра. На овој начин ќе заштедите околу 2.000 динари во однос на полнење гориво во Србија, пишуваше во анализата.
Босна и Херцеговина
Босна и Херцеговина е на второто место според најниските цени на нафтените деривати. На 16 септември, литар 95-ка чини 1.42 евра по литар, , а дизелот за 1.48 евра по литар. Сепак, населението во оваа држава е и тоа како незадоволно и покрај релативно ниските цени, главно поради ниските примања на граѓаните кои во изминативе две години не растеле согласно стапките на инфлација.Главна причина за револтот на граѓаните е неприфаќањето на предлогот за укинување на акцизите на горивата и промените во Законот за данок на додадена вредност, според кој, требало да се воведе прогресија кај овој данок, со намалување на ДДВ-то за нафтените деривати да се намали, а со зголемување на стапките за луксузните добра.Синдикатите барањето за укинување на акцизите и намалување на ДДВ го доставиле уште во февруари минатата година, но оттаму се пожалиле дека политичките партии намерно калкулирале и го одложувале неговото ставање на дневен ред. Состојбата дополнително ја влошил и фактот што Босна и Херцеговина е федерација, па за ваквите одлуки е потребна согласност од различните кантони, што дополнително го усложнува процесот. Кон средината на април, овие барања и официјално се отфрлени, односно не се изгласани од парламентот.
ДРЖАВА БЕНЗИН 95 ДИЗЕЛ ДАТУМ НА ПРОМЕНА
СЕВЕРНА
МАКЕДОНИЈА 1.40 евра 1,45 евра 19.09.2023
БиХ 1.42 евра 1.48 евра 16.09.2023
СЛОВЕНИЈА 1.544 евра 1.572 евра 16.09.2023
ЦРНА ГОРА 1.55 евра 1.65 евра 16.09.2023
ХРВАТСКА 1.63 евра 1.68 евра 16.09.2023
КОСОВО 1.63 евра 1.66 евра 16.09.2023
СРБИЈА 1.64 евра 1.79 евра 19.09.2023
АЛБАНИЈА 1.844 евра 1.835 евра 19.09.2023
Словенија
Словенија важи за земја со највисок стандард во регионот, но ако ги погледнете цените на горивата, ќе забележите дека тие се и тоа како прифатливи за џебот на населението. Според цените на горивата, оваа држава се наоѓа на средина на листата. Литар 95 чини 1.544 евра, додека цената на дизелот изнесува 1.572 евра по литар.
Во Словенија цените на нафтените деривати на неделна основа се регулираат од 21-ви јуни минатата година. Посебни цени има за главните автопатишта и експресни патишта, односно тој пазар е либерализиран. Регулираната цена на литар бензин од 95 октани и цената на дизелот на словенечките регионални патишта се преутврдува секој втор вторник од минатиот јуни.Формулата за регулирање на цените често се менуваше во последните година и пол. Цената беше зголемена – или подобро кажано – беа спречени поголеми намалувања, со еколошки давачки за оптоварување на животната средина со емисии на јаглероден диоксид и придонес за енергетска ефикасност. Во минатиот август се зголеми и дилерската маржа (од 0,0591 евра за литар дизел на 0,0983 евра, со бензин од 0,0607 евра до 0,0994 евра за литар). Почнувајќи од минатиот декември, дел од формулата повторно е биокомпонента, која особено го поскапи дизел-горивото (или подобро кажано ги спречи повисоките цени) за неколку центи. Зголемени се и маржите за дизел-горивото и маслото за греење.Доколку владата не се меша во поглед на еколошките такси, акцизите и маргините за трговците, цената би била речиси половина евро пониска од пред една година.
Црна Гора
Црна Гора се наоѓа меѓу земјите со поевтини горива во регионот, па ако се има предвид дека таму платите прогресивно растат, се чини дека превозот за тамошните граѓани и не би требало да биде некое големо оптоварување. Цените се движат од 1.55 евра за литар дизел до 1.65 евра за бензин од 95 октани. Во Црна Гора, акцизите на горивата беа ограничени од истиот период минатата година. Сепак, владата на Дритан Абазовиќ реши постепено, на секои две седмици до еден месец, да ја зголемува акцизата на старите нивоа согласно намалувањето на цената на нафтата на светските берзи.
Хрватска
Таму 95-ката чини 1.63 евра, додека дизелот се продава за 1.68 евра по литар. Сепак, треба да се има предвид дека тамошните регулаторни власти одредуваат цени на секои две седмици, а не еднаш неделно, па затоа во одредени периоди можеби се чини дека горивата се поевтини, додека друг ден можат лесно да преминат во највисоката категорија. Исто така, Хрватска и Словенија ги регулираат цените надвор од главните автопатишта. Треба да се знае дека на бензинските пумпи на главните патни правци се точи значително поскапо гориво споредено со пумпите во градовите и селата.Инаку, Владата на Хрватска постојано има мерки за да го заштити стандардот на граѓаните во овој случај. Малопродажните цени на нафтените деривати се формираат по формула споредено со претходните 14 дена, но со значително снижување, односно ограничување на премијата од 0,09 евра по литар за бензините и дизелот, 0,05 евра по литар за синиот дизел, 0,82 евра по килограм за боца пропан-бутан.Косово
Косово 1.63 евра е цената на бензинот од 95 октани, додека пак литар нафта се продава за 1.66 евра. Сепак, не сите малопродажни капацитети ја зголемуваат цената идентично. Се чини дека во вакви услови, трговците калкулираат со маржите поради големата конкуренција, па на некои бензински пумпи може да се најде и поевтино гориво.
Србија
Неочекувано, некаде на врвот на листата, со едни од повисоките цени на нафтените деривати се најде Србија. Кај нашиот северен сосед, 95-октански бензин се продава за 1.64 евра, додека дизелот чини 1.79 евра за литар.
И покрај високите цени, тие во последниве неколку недели континуирано паѓаат. Инаку, во Србија малопродажните цени на пумпите се одредуваат според Правилникот за ограничување на цените на горивата, кој беше донесен кон средината на февруари минатата година, а чија важност се продолжува секој месец.
Незадоволството во Србија од високите цени на горивата во август кулминираа со незадоволството на земјоделците, кои излегоа на петдневни протести. Меѓу другото, тие бараа субвенции за трошокот за нафта. Српската влада се обврза да не им пресметува и наплатува акцизи и данок на додадена вредност за 100 литра по хектар.
Албанија
Цените на нафтата на берзата паднаа на нивоата што беа пред војната во Украина. Сепак, се чини во Албанија цените како да не се намалуваат согласно светската динамика. Литар 95-ка таму се продава за 1.844 евра по литар, слично како и дизелот 1.835 евра.
Енергетските експерти во Албанија критикуваат дека наместо пазарна логика, зад одлуките за цените стои штитењето на крупни бизнис-интереси во нафтениот сектор.Вјолди Данај, експерт за економија, неодамна за тамошните медиуми изјавил дека цената на нафтата во Албанија е „значително повисока“ од она што всушност се продава на берзата тврдејќи дека треба да биде најмалку 50 центи поевтина. „Изгледа како владата да им ги остава 50-те центи на компаниите, а тоа е нешто навредливо“, рече тој.Жестоките реакции во Албанија за високите цени на горивата ги натера властите да почнат да ги бранат своите одлуки. Одборот за транспарентност соопшти дека строго го следи движењето на цените на Медитеранската берза „Platts“ за дизел, бензин, како и официјалните фактури на операторите.
Министерството за финансии и економија, пак, објаснува дека секое движење на берзата за сурова нафта не се одразува истовремено и во иста мера на берзата за дизел и бензин.
Извор: frontline.mk