Глобалните цени на маслиновото масло се зголемија на 8.315 евра (8.900 долари) за тон во септември, поттикнати од „екстремно сувото време“ на Медитеранот, се вели во новиот извештај на американското Министерство за земјоделство (USDA).
Според USDA, светските цени на маслиновото масло биле за 130 отсто повисоки во август во споредба со истиот месец минатата година, пренесува CNBC.
Шпанија, најголемиот светски производител и извозник на маслиново масло, со месеци е погодена од интензивна суша, а летото беше третото најжешко во историјата на земјата.
Според Mintek, производството на маслиново масло во Шпанија минатата сезона падна на околу 610.000 тони, што е намалување за повеќе од 50 отсто од вообичаените 1,3 до 1,5 милиони тони.
Цените на маслиновото масло во шпанска Андалусија скокнаа на 8,45 евра за литар во септември, 111 отсто повисоки од истиот месец минатата година, што ја поттикна кражбата на ова „течно злато“.
„Производството на маслиново масло е намалено поради сушата во други земји како Грција и Италија, што дополнително ја зголемува загриженоста“, рече експертот за Mintek, Кајл Холанд.
Грција е втор, а Италија трет по големина производител на маслиново масло во светот.