Британскиот весник Гардијан пишува за загадениот воздух во Белград што граѓаните можат да го почувствуваат и вкусат, посочувајќи дека главниот град на Србија има пет од 15-те најзагадени населби на европскиот континент.
Во написот со наслов: Белград град во кој валканиот воздух се смета за резултат на економскиот расt, авторот пишува дека уште во 1974 година тогашниот југословенски премиер Џемал Биједиќ ветил дека ќе го исчисти воздухот во земјата, а дека половина век подоцна белграѓани се уште го чекаат тоа.
Воздухот во главниот град на Србија, земја со седум милиони жители на ред за влез во ЕУ, е полош од речиси во кој било друг град во Европа, пишува авторот.
Пирит, амонијак, воз, вагон, истекување на амонијак, истекување амонијак, несреќа, магла, чад, несреќа, воз излета од шините, железница, пруга, загадување
Пет од 15-те најзагадени населби на континентот се наоѓаат во Белград, според моделската анализа на Гардијан врз основа на податоците за квалитетот на воздухот во Европа.
Валкани електрани на јаглен, депонии, стари возила и лоши греалки испуштаат коктел од токсични честички кои завршуваат во белите дробови и вените на жителите на градот, пишува Гардијан.