Македонската асоцијација за човечки ресурси (МAЧР) под покровителство на Vrabotuvanje.com годинава ја организира својата јубилејна 15-та Меѓународна конференција за човечки ресурси и HR Expo 2023. Конференцијата ќе се одржи на 28 и 29 септември 2023 година, во хотелот Холидеј Ин и во Едукативниот центар М6 во Скопје.
Темата за конференцијата е "HR in the Age of Innovation: Navigating the Future of Work", со цел да ги допреме сите новитети и релевантни области поврзани со иновациите во менаџирањето со човечките ресурси и со иднината на работењето. Ќе се осврнеме на заложбите на Европската асоцијација за менаџмент со луѓе (ЕАРМ), која под мотото „HR ја обликува новата иднина“, промовираше посебен фокус на четири клучни теми:
- градење на организациска култура со висока доверба како докажан модел за добри резултати,
- еднаквост, различност и вклученост како основа за поволна работна околина,
- добросостојба и баланс помеѓу работата и животот како јадро за добро работење, високи перформанси и продуктивност и
- одржливо работење преку добро дизајнирани работни места, оптимизирани работни перформанси, автономија и контрола.
Во услови на континуирани промени и глобални предизвици и неопходност за справување со брзиот технолошки развој и иновациите, кога отпорноста на бизнисите и организациите се на сериозни искушенија, очекуваме особено да доминираат елаборации од дваесетината говорници од академијата и праксата од целиот свет кои ќе ги вклучат најжешките теми поврзани со дигиталните технологии и вештачката интелигенција во развојот на организациите и луѓето. Ќе ги слушнеме европските и регионалните искуства во интензивната дигитална трансформација во организациите, во областа на искуството на вработените и во учењето и развојот на луѓето и напорите за стекнување на способности кои се во духот на потребите на новото време.
Од нашето формирање, како едно од водечките деловни професионални здруженија во нашата земја, ја продолжуваме традицијата со организирање на овој најголем годишен настан, со цел да ги претставиме и споделиме добрите практики на докажани бизнис лидери и менаџери од најуспешните компании. Повторно, конференцијата ќе биде мегдан каде сите присутни ќе имаат можност да ги споделат личните искуства и да презентираат специјализирани знаења, иновативни идеи, практични и проверени решенија како и препораки кои целокупната деловна заедница, кон менаџерите и професионалците за да можат да ги применат во своите организации. Вториот ден од повторно ќе организираме подолготрајни работилници за учење, спроведени од искусни домашни и странски експерти и професионалци, на кои учесниците ќе имаат можност да се стекнат со конкретни високопрофилирани вештини потребни во секојдневните задачи и активности.
Учесниците на Конференцијата и годинава ќе имаат можност да се запознаат со најновата понуда на продукти и услуги за компании и вработени од нашите изложувачи на нашиот традиционален HR-ЕХРО 2023, како и со мноштво други соодветни и интересни содржини и изненадувања за сите учесници!
Со нетрпение Ве очекуваме на Jубилејната 15 Меѓународна MHRA конференција!
Повеќе информации за конференцијата можете да најдете на https://mhraconference.mk/mk/home-slider-3/