Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Црна Гора, г-дин Владимир Јоковиќ, присуствуваа на манифестацијата „Светскиот ден на Вранецот”, која традиционално по петти пат се организира од страна на здружението „Вина од Македонија”.
Станува збор за значаен вински настан, каде на едно место се обединуваат домашните и регионални производители на вино, вински есперти и љубители на виното кој можат да разменат нови искуства за сортата вранец.
Оваа година на манифестацијата „Светскиот ден на Вранецот” учество земаа повеќе винарии до Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово, претставувајќи се со повеќе од 50 вина вранец.