Семките од тиква се сметаат за лековити повеќе од 3.000 години, во најразлични култури низ целиот свет. Овие семки нудат цела палета на здравствени придобивки, бидејќи изобилуваат со магнезиум, калциум, калиум, железо, цинк и витамин К.
Семките од тиква имаат специфичен вкус што ги прави популарна закуска и состојка во различни јадења. Тие може да се потпечени и зачинети со сол или зачини, да се додадат во салати, во микс од јаткасти плодови, или да се користат како крцкав прелив врз пудинг или овесна каша. Со нивните бројни здравствени придобивки и разноврсен вкус, семките од тиква се вкусен и хранлив додаток на секој оброк. Од претходниот петок може да се најдат и на тезгите на пазарот во Штип, по цена од 200 денари за килограм.
„Семката од тиква излезе пред 15 дена и има пролично добра побарувачка. 200 денари е еден килограм. Према се друго ова е реална цена.“
Лесен и начинот за подготовка на семките..Се печат околку 90 минути на температура од 170 степени, со постојано мешање. Ќе знаете дека се веќе испечени кога ќе се исушат сосема и кога добијат убава румена боја однадвор како овие на сликата.
„Ова е жива семка, има гола без лушпа и со лушпа. Голата е 300 денари за килограм. Повозрасните домаќинки знаат, семката треба да се измие, да се посоле и да се испече. “
Семкиите од тиква според истражувањата се добри за борба против рак, за здравјето на простата , го намалуваат холестеролот, штитат од дијабетес, а добри се за слабеење.