Сите прават барем едно нешто кога ќе се почувствуваат разоткриени!
Трејси Волдер од Далас работела за ЦИА и како специјален агент на ФБИ, каде се занимавала со шпионажа. Работното искуство ја научило брзо да ги разоткрива оние кои лажат, а за нив вели дека најчесто може да ги препознаеме по 9 знаци кои ги покажуваат лажливците.
„Работев за ЦИА пет години и потоа станав агент за ФБИ, што е поредок случај кај жените. Почнав да работам две недели откако го завршив факултетот. Работата е многу напорна и исцрпувачка, но сакав да бидам дел од антитерористичките мисии. Сепак, животот во странство по некое време веќе не ми одговараше“.
„Лажливците брзо ги менуваат емоциите и постапките, од смиреност до неконтролирано однесување, па се до плачење. Тоа се случува кога ќе се почувствуваат дека се фатени во лагата. Може да се случи да се обидат да одвојат и поединци кои би ја потврдиле нивната приказна. Многу објаснуваат, а сепак им недостасуваат детали. Избегнуваат да ве гледаат во очи“ – изјавила Трејси.
9 знаци кои откриваат дека некој лаже:
1. Нервоза при зборување
2. Гласно зборување
3. Расплакување за да се избегнат важни детали во разговорот
4. Премногу зборување, премалку детали
5. Премин од мирно до неконтролирано однесување
6. Избегнување контакт со очи
7. Истакнување на поединци кои би ја потврдиле нивната приказна
8. Екстремно и претерано објаснување на едноставни нешта
9. Недостиг на специфични детали
Извор: tocka.com.mk