Иако во текот на вчерашниот ден беше испратена информација од страна на М-НАВ до медиумите дека најавениот штрајк за утре е ставен во мирување, денеска претседателот на синдикатот со друг став.
„Сакам да ве известам дека информациите кои беа испратени во текот на вчерашниот ден од страна на УО на М-НАВ, како што известија одредени медиуми, дека се прифатени барањата на ССКЛ и дека е постигната спогодба поради која се става најавениот штрајк за 12.10.2023 година во период од 11ч до 17ч во мирување се тотална невистинити и дезинформација на јавноста која не само што ги доведува во забуна сите патници кои го планирале своето патување во текот на утрешниот ден, туку ги доведува во забуна и авиокомпаниите, а што дополнително ќе резултира со непотребен хаос поради неможност соодветно да ги испланираат засегнатите летови“, вели Александар Тасевски претседател на Синдикатот на контрола на летови.
Од таму додаваат:
Она што би сакале да напоменеме е дека во моментот и во УО на М-НАВ владее разединување од причина што новите двајца директори кои се поставени во последните 2-3 месеци и го затекнаа хаосот кој е од поодамна, наспроти претседателот на УО на М-НАВ кој продолжува по стариот пат генерирајќи проблеми и за фирмата но и за новите директори. Додека едниве ни ветуваат професионализам и подобрување на состојбата во М-НАВ, претседателот на М-НАВ Фахрудин Хамиди, достаува нови барања за вработување на непотребни лица, во служби во кои веќе има превработеност, а се тоа позади грбот на останатите двајца директори кои на состанокот кој што беше одржан на 09.10.2023 година се изјаснија дека не се запознати со таквите барања за вработување.
ССКЛ останува на претходно донесената одлука за реализација на штрајкот на 12.10.2023 година во приод од 11 до 17 часот.