Американецот Џон Бартлет неодамна се пензионирал во своите 70-ти години по 42 години поминати во истата компанија.
Неговата приказна стигна во центарот на светската јавност поради начинот на кој бил испратен во пензија, пренесува „News.com.au“.
Бартлет работел за минимална плата, а секој ден патувал по 40 минути со јавен превоз до работа. Важел за исклучително лојален вработен, а неговата колешка Соња била огорчена од начинот на кој бил „почестен“ за крајот на работниот век.
„Толку многу сакаше да работи овде и не сакаше да се пензионира. Не доби бонус од компанијата, само скара и сертификат. Не биди роб на својата работа. Ти благодарам Џон за лојалноста“, порачала Соња во објавата на ТикТок.
Не поминало долго време пред да започнат да стигнуваат пораки за поддршка од луѓе кои сакале да му помогнат на овој човек.
Соња отпочнала „GoFundMe“ кампања која за неколку дена собрала околу 36 илјади долари! Средства пристигнувале од целиот свет, а акцијата била завршена со дури 1900 донатори.
„Го инспирираше светот со твојата приказна. Многу луѓе се поистоветија со тебе, од Австралија, Британија, Шкотска... Го заслужи ова. Ќе се погрижам сè да оди на твоја сметка, само за тебе“, вели Соња во емотивниот говор.
Сè што Џон можел да направи е да се насмевне и да клима со главата додека слушал како светот реагирал на неговата приказна.
Извор: supermen.tocka.com.mk