Во 2022 година, имало 3,0 милиони луѓе вработени со ИКТ образование во ЕУ, што е 6,7 отсто повеќе отколку во 2021 година кога имало 2,8 милиони. Мажите претставуваа 84,4 отсто (2,5 милиони) меѓу вработените лица со ИКТ образовно искуство, што претставува зголемување од 7,1 процент од претходната година (2,4 милиони во 2021 година), додека жените претставуваа 15,6 отсто кога изнесувале 463.100 од вработените, што е за 4,4 проценти повеќе од 2021 година (443.400).
Ова го објави Европскиот статистички центар „Евростат“, од каде посочуваат дека меѓу земјите членки на Европската унија во Словенија со 93 отсто, Летонија со 91 процент, Полска со 90,3 отсто, Чешка со 89,9 проценти, Белгија со 88,7 отсто и Словачка со 88,5 проценти) имаат најголем удел на мажи во вкупниот број број на вработени лица со ИКТ образование.
Што се однесува до жените вработени со ИКТ образование, најголем процент е забележан во Бугарија со 31,5 отсто, Данска со 31,3 проценти, Кипар со 30,2 отсто и Романија со 29,9 проценти – укажува „Евростат“.
Европскиот статистички центар потенцира дека младите вработени лица со ИКТ образование претставуваат мнозинство.
Во ЕУ, повеќе од две третини или 67,8 отсто од вработените лица со ИКТ образование биле на возраст меѓу 15 и 34 години во 2022 година, а 32,2 проценти биле на возраст меѓу 35 и 74 години – нагласува „Евростат“.
Младите на возраст од 15 до 34 години го сочинуваат мнозинството од ИКТ-образованите лица кои се вработени во речиси сите членки на ЕУ, со најголем удел во Словачка каде опфаќаат 83,8 проценти, потоа Романија со 82,4 отсто, па Хрватска со 79,3 проценти, Малта 78,4 отсто, па Унгарија и Полска и двете со по 76,7 проценти и Португалија каде младите опфаќаат 76,1 отсто од вработените во секторот.
Највисок процент од оние на возраст од 35 до 74 години со ИКТ образование во ЕУ има во Финска каде се вработени 47,4 проценти од повозрасна група на техничари, па Ирска со 43,7 отсто и Бугарија со 40,4 проценти од вработените со возраст на 35 години.
Според последните податоци на МАСИТ, стопанската комора за информатички и комуникациски технологии во Македонија има околу 2.200 компании во ИТ-секторот, од кои околу 10 отсто не се активни, односно не оствариле промет. Притоа, во компаниите работат околу 19.000 лица, а искуството покажува дека на годишно ниво, со сите промени на отворање и затворање компании, во просек недостигаат околу 620 ИТ-експерти.
Извор: faktor.mk