Забраната треба да стапи на сила во текот на 2025 година, давајќи им на граѓаните одреден период да подготват и да размислат за алтернативно возило или превоз
Иако транзицијата кон електрични возила дефинитивно не оди толку брзо како што замислуваа бирократите во ЕУ и некои лидери на големите автомобилски компании, властите веќе ќе најдат начин да принудат што е можно повеќе луѓе на „транзиција на зелени автомобили“, без разлика дали тие сакаш или не.
Стокхолм, главниот град на Шведска, објави забрана за возила на дизел и бензин во целиот центар на градот. Забраната ќе опфаќа 20 блокови вклучувајќи и делови од центарот, и главните делови на зоните за шопинг и делови каде има многу бизнис канцеларии.
Забраната треба да стапи во сила во текот на 2025 година, давајќи им на граѓаните одреден период да се подготват и да размислуваат за алтернативно возило или превоз.
Што се однесува до комбињата, нема да смеат да возат ниту со хибриден погон, а амбулантни, противпожарни и полициски возила нема да имаат ограничувања. Исто така, забраната нема да важи за лицата со инвалидитет на кои исто така ќе им биде дозволено да возат што сакаат, пишува The Guardian.
Забраната нема да важи за целиот град, туку само за центарот на градот. Заменик-градоначалникот на Стокхолм задолжен за транспорт, Ларс Стромгрен, го најави потегот и рече дека моменталните услови на патиштата се „целосно неприфатлива ситуација“, истакнувајќи дека загадениот воздух во градот „предизвикува бебињата да имаат проблеми со белите дробови, а постарите лица прерано умираат“.
Во центарот на градот без ограничувања ќе им биде дозволено да возат целосно електрични возила. Критичарите сметаат дека политиката на Стокхолм е премногу екстремна. Шведската транспортна конфедерација соопшти дека владејачката политичка партија во градот „премногу брза“ за дополнително намалување на емисиите.