Не пропуштајте ја најголемата онлајн средба на работодавачи и работобаратели! Од 24 до 31 октомври посетете го Регионалниот саем за вработување и пронајдете ја работата од своите соништа!
Есента е време кога многумина од нас наоѓаат „засолниште“ во топлината на својот дом, со омилените серии и шолја чај. Сепак, за оние кои не сакаат годината да им заврши поспано, туку се подготвени да чекорат кон нови кариерни и животни предизвици, наскоро доаѓа настан кој не се пропушта...
Тоа е Регионалниот саем за вработување, најголемата онлајн средба на работодавачи од Македонија и соседните земји и кандидати кои бараат нови и подобри (!) работни места. Кандидати како тебе!
Секоја есен саемот станува центар на виртуелниот (но и реалниот) пазар на трудот, а овој октомври вратите за сите кандидати ќе бидат отворени од 24 до 31 октомври, односно до Ноќта на вештерките! Но, и покрај лудите можности што се шетаат во нашиот свет во тоа време, нема страв за вашата кариера!
И оваа година саемот на едно место ќе собере голем број работодавачи од различни сектори кои на виртуелните штандови на саемот ќе презентираат импресивна кариерна понуда - разни огласи за работа наменети за вашиот професионален раст или дури и целосна животна промена.
Листата на компании кои ќе ги отворат своите врати за кандидати од Македонија можете да ја видите на ЛИНКОТ
Вашиот билет за безгрижно патување низ саемот
Регионалниот саем за вработување доаѓа со мапа која гарантира дека нема да се изгубите во ниту еден момент.
Во моментот кога ќе дојдете на страницата на саемот, ќе се соочите со првиот избор - да ја изберете земјата во која барате работа. Можете да изберете од работодавачите од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Словенија.
Откако ќе ја изберете земјата во која планирате да ја продолжите кариерата, пред вас ќе се појават вашите „домаќини“ - работодавачи со богата понуда на слободни работни места, класифицирани во неколку клучни категории:
- Трговија
- ИТ и Технологии
- Финансии
- Услуги
Со клик на избраната категорија, изборот дополнително ќе се стесни на работодавачите кои работат во тој сектор и кои можете подетално да ги запознаете.
Додека ги истражувате виртуелните штандови на работодавачите, ќе најдете мноштво информации кои ќе ви помогнат подобро да ја разберете нивната култура и вредности. Искуствата на вработените ќе ви дадат увид во работната средина, а фотографиите и видеата што ги прикажуваат работните средини дополнително ќе ја „отворат вратата“ на нивниот свет. Но, тоа не е се!
Сите прашања што ви поминуваат низ глава, без разлика дали се работи за условите за работа, описот на работните позиции, очекувањата и недоумници, можете да ги поставите на работодавачите во секое време преку опцијата Chat. Информирајте се и донесете правилна одлука за вашата кариера.
Како да аплицирате на платформата на саемот?
Откако ќе ја изберете категоријата за која сте заинтересирани и ќе го најдете вашиот иден работодавач, аплицирањето за оглас за одредена позиција е брзо и лесно. На дното на секој оглас има линк за аплицирање преку кој ќе аплицирате само на тој оглас.
Можете да изберете помеѓу две опции:
Со внесување на кориснички податоци (email и лозинка) за да се најавите на вашиот профил на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Имено, доколку веќе имате профил, тогаш автоматски ќе се внесат сите податоци кои се веќе на вашиот профил.
Без профил на Vrabotuvanje.com, со рачно внесување информации за контакт за секоја апликација. Ако сакате да заштедите време и да го олесните процесот на аплицирање, дефинитивно треба да размислите за креирање профил за да избегнете повторно внесување на вашите податоци секој пат.
Што се крие во делот „НАСТАНИ“?
Покрај понудата на различни работни места, благодарение на рубриката „НАСТАНИ“, овој саем носи и интересни приказни за компаниите кои ви даваат подобар увид во нивната деловна политика, опкружување, начин на работа и бенефициите што ги нудат. Исто така, ќе најдете и статии со совети и вебинари кои ќе ви помогнат подобро да се подготвите за комуникација со потенцијалните работодавачи.
Секако, треба да бидете подготвени за претстојниот саем, а најдобар начин да го направите тоа е да го ажурирате вашето CV и мотивационото писмо денес. Повеќе совети за тоа како да се припремите за аплицирање и интервју за работа на саемот можете да прочитате ТУКА.
Не дозволувајте есента да ве заспие, посетете го Регионалниот саем за вработување од 24 до 31 октомври и тргнете кон вашата светла иднина!