Компанијата Нелт СТ ги следи трендовите на пазарот, воведувајќи флексибилен модел на работа за вработените на административни позиции.
Почнувајќи од 01.09 вработените имаат можност за работа од дома за 20% од работните денови во месецот, како и флексибилно работно време со можност за почеток во периодот од 7:30 до 8:30 и крај на работното време во периодот од 15:30 до 16:30.
Со воведување на флексибилниот модел на работа, Нелт СТ сака да го зголеми нивото на мотивација кај вработените, како и нивната продуктивност, а воедно да го намали нивото на стрес и да придонесе за подобар work life баланс.
По првиот месец од воведување на новиот модел се забележува дека вработените позитивно реагираат на промените и се задоволни од можноста да го одберат местото за работа и работните часови. Од компанијата велат дека задоволството на вработените е секогаш број еден приоритет за нив и ќе продолжат и во иднина да ги следат трендовите кои ќе придонесат за обострано задоволство и остварување на резултати.