За тие пари следуваат и две гаражни места, но таква цена на квадрат не можат да си ја доволат 99 проценти од луѓето.
Пред неколку денови 24инфо.мк направи истражување за тоа како во Скопје се движат цените на недвижностите и каде е најевтино да купи стан.
Цените во зависност од локацијата и состојбата на зграда се движат од 950 евра за метар квадратен во постара зграда во Маџари и Ѓорче Петров, па се од неверојатни 2.600 евра за метар квадратен во нова зграда во населабата Тафталиџе, а овој износ е дури и надминат во новите згради околу новоотворениот Дајмонд мол во центарот на градот, каде стан се продава и за 2.800 евра по квадрат.
Овој пат направивме истражување за тоа колку чини еден квадратен метар во главните градови на две наши соседни земји, Албанија и Србија.
Тирана малку поевтина од Скопје
Главниот град на Аланија, Тирана доживува градежна експанзија во последните години, а пазарот на недвижности е доста раздвижен.
Сепак, ако Тирана ја споредиме со Скопје, се гледа очигледна разлика во цените.
Метар квадратен станбен простор, во зависност од населбата и зградата каде што се наоѓа, во Тирана се продава од 1.300 до 1.800 евра.
Некои станови во постари згради и подалеку од центарот, се продаваат и за 1.000 евра за метар квадратен, со што цените во Тирана се слични на оние во Скопје, па дури се и благо поевтини во споредба со нашиот главен град.
Белград руши рекорди
Сосема поинаква е приказната со главноот град на Србија, Белград.
Градот во кој секојдневно живеат, посетуваат и работат над два милиони луѓе, е еден од најскапите по цени за станбен простор.
Без разлика колкава е оддалеченоста од центарот на градот, во Белград е речиси невозможно да се пронајде стан поевтин од 2.000 евра за метар квадратен.
Цените на становите околу централното градско јадро се продаваат помеѓу 3.000 и 3.600 евра за квадрат.
Убедливо најскап е делот во населбата Савски венац, односно зградите во популарниот Белград на вода.
Таму, не се наоѓа стан кој е поевтин од 4.000 евра за метар квадратен, а во една пд зградите се наоѓа и најскапиот стан во регионот.
Агенција за недвижности продава стан во комплексот Белград на вода со површина од 145 м2 за кој бара неверојатни 1.290.000 евра, односно е со цена од рекордни 8.897 евра.