Хрватска компанија ги награди своите најлојални работници со smart автомобили
Сопствениците на хрватската компанија „Гигант“ која се занимава со ПВЦ столарија, им доделија автомобили smart на најлојалните работници кои работат за претпријатието од нејзиното основање пред 20 години.
Нашата цел е да им помогнеме на нашите вработени да остварат добри деловни резултати и позиционирање на пазарот. Некои од нив се со нас веќе 20 години, кога почнавме со производство на ПВЦ столарија - објасни сопственикот Владимир Ќурковиќ (50), а истото го потврди и неговата пет гопдини помлада сопруга Ксенија.
Двојката како клуч за успех и развојот на претпријатието гледаат во своите работници кои од нив ги примаат своите месечни плати.
Ова е на некој начин награда за лојалноста и довербата што ја покажуваме меѓусебно. Без меѓусебно почитување, не би стигнале до каде сме денес - вели сопругата Ќуриќ.
Според неа, целта е сите да го почувствуваат напредокот.
Тешко е да се најде добар работодавач, а тешко е да се најде и добар работник. Нашата компанија вработува 17 лица и ние сме како големо семејство. Често се среќаваме, славиме родендени, годишнини, но тука сме и кога некој ќе доживее несреќа. Поголемиот дел од денот го поминуваме заедно, и кога некој ќе влезе во компанијата, тој не излегува до пензија - објаснува Владимир.
Тој тврди дека работниците не се должни да останат кај него и не се обврзани со автомобилите, бидејќи секој има право на избор.