Со растот на просечната плата во Македонија, порасна и минималниот износ за К-15, кој, оваа година ќе изнесува најмалку 14.000 денари.
Оваа бројка се добива кога ќе се земат предвид последните просечни месечни плати што ги објавил Државниот завод за статистика и кога од нив ќе се пресмета правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти.
Исплатата на К-15 или регрес за годишен одмор законски требаше да почне од 1 јули годинава во сите фирми и институции во државата, зошто не постои компанија која е ослободена од плаќање на регрес за годишен одмор кој им следува на работниците.
Со доаѓањето на крајот на календарската година, така се стеснува и рокот до кој мора сите компании на своите работници да им го исплатат К-15.
Казните се ригорозни. За неисплата на К-15 предвидена е глоба до 4.000 евра, а за работодавачите кои бараат да им се вратат исплатените пари и затворска казна од три месеци па се до една година.
К-15 или регрес за годишен одмор беше укинат изминатите децении, но владата на СДСМ реши да го врати прво во приватниот сектор, а потоа и во јавниот.
Од оваа година за прв пат после две децении регрес за годишен одмор од по 10.000 денари ќе добијат и наставниците, кои добиваат плати и до 40.000 денари месечно, двојно од она што било во 2017-та.
Последно наставниците К-15 добиле наво 2000-та година и тоа наместо пари, добиваа канти сирење, маслинки и месни производи.