Килограм јајца во септември во Хрватска во просек чинеле 2,75 евра и се за 30% поскапи од просекот на ЕУ.
Хрватска во септември ги имала најскапите јајца во Европската унија, откриваат новите податоци на Евростат и Министерството за земјоделство на таа земја.
Според овие податоци, килограм јајца во септември во Хрватска во просек чинеле 2,75 евра, што е највисоко во ЕУ. Тоа е, на пример, за околу 24% повеќе отколку во септември минатата година, пренесуваат хрватските медиуми.
На врвот се Австрија со 2,70 евра, Малта (2,57) и Италија (2,52 евра). Просекот на Европската Унија е 2,12 евра, што значи дека јајцата во Хрватска се за 30% поскапи од просекот на ЕУ. Најевтини јајца се во Чешка (1,72 евра за килограм) и на Кипар (1,73 евра).
Минатата година во Хрватска се произведени околу 667 милиони парчиња јајца, што е за дури 69 милиони парчиња помалку од претходната година или бележи пад на производствотио од околу 9%.
Во првите седум месеци од годинава Хрватска извезла околу два милиони тони јајца, а увезла околу 2,13 милиони тони. Најмногу јајца се увезуваат од Албанија, Бугарија и од Полска.
Извор: centar.mk