Шанса која не се пропушта - бидете дел од големото семејство на Кромберг & Шуберт на најголемиот саем за вработување кој се одржува од 24 до 31 октомври. Се гледаме на нашиот виртуелен штанд!
Компанијата “Кромберг & Шуберт Македонија” која се занимава со производство на кабелски снопови за автомобилска индустрија започна со производниот процес во индустриската зона “Жабени” во 2012-та година.
Компанијата во Битола функционира веќе 11 години, и активно работи на 3 проекти и тоа: Mercedes (Vito и V – Class) и Audi A4, како и проектот за Mercedes Sprinter, додека фабриката во Илинден која започна со својата дејност во месец мај 2022 година го изработува кабелскиот сноп за кллиентот BMW, односно BMW X1. Исто така од почетокот на периодот во кој постои, оваа компанија има успешно завршени 2 проекти за BMW, и тоа Mini Cooper и BMW X1.
Во изминатите години постојано расте бројот на вработените а со отворањето на погонот во индустриската зона „Илинден“ моментално како компанија вработува повеќе од 6000 вработени што ја прави една од најголемите работодавачи во Македонија. Грижата за вработените во компанијата е главната водилка на Кромберг & Шуберт, додека инклузивниот начин на менаџирање со оваа компанија и раководењето според Lean методологијата придонесуваат за нејзината успошност на пошироко ниво. Исто така компанијата е позната и по многуте добротворни акции и придонеси во здравството и образованието пред сѐ, како и во другите сфери од животот.
Зошто да работите со нас? Погледнете ги позициите, бенефициите и условите кои ги нудиме:
Оператор во производство - Скопје
линк за повеќе детали и аплицирање
Оператор во производство - Битола
линк за повеќе детали и аплицирање
Production team leader
линк за повеќе детали и аплицирање
Production shift leader
линк за повеќе детали и аплицирање
Shift Leader Maintenance
линк за повеќе детали и аплицирање
Дознајте за можностите за вработување во Kromberg&Schubert!
Доколку сакате да дознаете повеќе за условите за работа, отворените огласи и можностите за кариера во компанијата, кликнете на овој линк и посетете го штандот на Крошу на најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој ќе биде отворен од 24-31 октомври.