Тимот на Флекс Кредит ве очекува на нивниот штанд на Најголемиот регионален саем за вработување.
Флекс Кредит ДОО е дел од меѓународна финансиска група која од 2013 година обединува компании специјализирани за кредитирање на потрошувачи во Источна и Јужна Европа. Нашиот меѓународен тим брои над 2.000 вработени и соработници во над 250 филијали во шест европски земји – Македонија, Шпанија, Бугарија, Романија, Молдавија и Босна и Херцеговина.
На финансискиот пазар во Македонија сме присутни од 2020 година и за само три години активно работење прераснавме во една од најголемите небанкарски финансиски институции во земјава, којa бележи постојан раст и одржлив развој, кој денес резултира со над 200 вработени и над 60 филијали во Р.Северна Македонија.
Тајната за успехот на Флекс Кредит Македонија се должи на нашите вработени. Во моментот во компанијата работат над 150 високо квалификувани, амбициозни и енергични вработени кои се амбасадори на нашиот бренд. Како тим се стремиме да обезбедиме финансиска поддршка на секој наш клиент, извонредно корисничко искуство и максимално транспарентни и прифатливи услови.
Нашиот тим е нашата најголема сила и клучот на успехот на Флекс Кредит. Водени од овој концепт, грижата за нашите вработени, нивната благосостојба и напредок е приоритет број еден на кој континуирано работиме и го унапредуваме.
Покрај низата од финансиски бенефиции нудиме и пакет од нефинансиски бенефиции. Како работодавач сме целосно фокусирани на креирање на пријатна работна средина со неограничени можности за професионален развој и унапредување на нашите вработени.
Дознајте за можностите за вработување во ФЛЕКС КРЕДИТ!
Доколку сакате да дознаете повеќе за условите за работа, отворените огласи и можностите за кариера во компанијата, кликнете на овој линк и посетете го штандот на Флекс Кредит на најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој ќе биде отворен од 24-31 октомври.