Без разлика дали барате прва работа, размислувате за промена на кариерата или сакате да напредувате во својата професија, тоа што го барате ќе го најдете на Регионалниот саем за вработување!
Стравот од пропуштање на одредени животни искуства кои ги сметаме за клучни за нашата иднина стана еден од најчестите човечки стравови. Чувството на неизвесност, поврзано со пропуштање на можности, искуства и доживувања, освен во приватниот живот, не обзема и кога се работи за нашата кариера и професионален развој.
Но, не грижете се, сè уште имате време да се ослободите од тој страв!
Регионалниот саем за вработување, најголемата онлајн средба на работодавачи и работобаратели во овој дел од Европа, трае само до утре на полноќ! Не пропуштајте ја оваа можност да најдете нова и подобра работа!
Што ве чека?
Регионалниот саем нуди многу слободни работни места, како и одлични можности за напредување во вашата кариера.
Ве очекуваат повеќе од 150 работодавачи од Македонија и регионот, кои се претставуваат со илјада различни огласи за работа!
Оваа година учествуваат: Алкалоид, ЛИДЛ, НЛБ Банка, Костал Македонија, Gerresheimer, Магна Мехатроникс, Кромберг и Шуберт, Реплек, Нептун Македонија, Микросам, Strabag, Мајорел, Вабтек МЗТ, ПроКредит Банка, Флекс Кредит, Дојран Стил, Линамар, Адиент Аутомотиве, Дрекселмајер, Аптив, Вебхелп, Градежен Институт Македонија, Маркарт Македонија, Лакталис, Agile Pro Solutions, Teleperformance, Amfenol, Transcom и други. Работници од Македонија ќе бараат и регионални компании, а дел од нив се Joorney, Philip Morris Services d.o.o. Beograd и Ingosoftware од Србија, Maistra Hospitality Group, GCCL (MALTA) RMD FLEET MGMT LTD, Metro, Konzum, Valamar и FraGround Fraport Ground GmbH од Хрватска, a од годинава за првпат на саемот имаме и работодавачи од Словенија, а станува збор за Univerzitetni klinični center Ljubljana.
Покрај компаниите од Македонија, работодавачите од земјите од регионот - Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина - исто така бараат да ги зајакнат своите тимови на саемот
Се што ви треба е пристап до интернет, CV и ентузијазам!
Аплицирањето на огласите е едноставно и можете да го направите преку вашиот профил на Vrabotuvanje.com или без него, преку опцијата за Брза апликација, а саемот ви нуди и можност за повеќекратнa апликација на повеќе огласи кои ви го привлекле вниманието.
Саемот нуди широк спектар на огласи, погодни за секого - без разлика дали барате прва работа, размислувате за промена на кариерата или сакате да напредувате во својата професија. Сигурни сме дека ќе го најдете оној оглас и работодавач кој совршено одговара на вашите амбиции и потреби.
Исто така, за да создадеме подобра слика за вашите потреби, подготвивме и големо истражување за регионалниот пазар на труд. Учествувајте и споделете го вашето мислење за работните услови, платите, бенефициите и другите фактори кои влијаат на вашиот избор за нов работодавач.
Посетете го Регионалниот саем за вработување и направете го вистинскиот потег за вашата кариера!