Анализата на брзината на интернетот во 220 земји и територии во светот покажа дека Европа е подобра од Америка, но не и подобра од некои делови на Азија, додека Африка е на дното.
Тајван е на самиот врв на светот кога станува збор за брзината на интернетот. Ова го покажуваат податоците за 2023 година објавени од британски Cable.
Просечната брзина на преземање податоци во Тајван е 153,51 Mbps, што е само малку пред второпласираната Франција со 152,45 Mbps.
Тајван и минатата година беше на врвот на оваа листа, потсетува Statista, нагласувајќи го брзиот напредок што го постигна Тајван. Тогаш, таа земја имаше многу побавна просечна брзина од 135,88 Mbps.
Во 2022 година Јапонија беше на второто место. Иако земјата, исто така, забележа зголемување на просечната брзина на интернетот, таа е многу помала и изнесува само 2,37 Mbps.
И кога ќе се вклучат сите измерени локации, малиот остров Џерси, во Ла Манш, има најбрз широкопојасен интернет во просек, со неверојатни 264,52 Mbps.
Анализата на брзината на интернет во 220 земји и територии низ светот откри како еволуирале брзините на преземање во текот на изминатите неколку години.
Од 2020 до 2023 година глобалната просечна брзина на преземање на интернет речиси двојно се зголемила - од 24,8 Mbps во 2020 година на 46,8 според најновата анализа.
Сепак, сè уште има големи разлики помеѓу различни региони во светот. Во 2023 година, Западна Европа има најголема просечна брзина - 118,7 Mbps, многу пред второпласираната Северна Америка со 94 Mbps.
На другиот крај од табелата се Северна Африка и Субсахарска Африка, кои имаат најмали просечни брзини со 9,8 и 12,1 Mbps, соодветно.
Извор: kajgana.com