Дебрецен, град во северна Унгарија, е место каде што треба да бидете жедни и со ограничен буџет.
Пивото таму чини само 1,02 евра, што е најевтино пиво во Европа и повеќе од шест пати поевтино од Велика Британија каде чини 7,01 евро.
И кога не барате само пивница, ќе имате можност да уживате во различни содржини бидејќи Дебрецен е домаќин на светско наследство на УНЕСКО.
Хортобаџ, национален парк лоциран северно од центарот на градот, опфаќа огромна област на рамнини и мочуришта и е дом на импресивен див свет. Посетителите ќе можат да видат бизони, говеда и коњи.
Ако Унгарија не ви одговара, истражувањето на сајтот за споредба на патувања Dealchecker открива некои други места каде можете да купите евтино пиво.
Тенерифе веќе привлекува многу британски туристи, а градот Пуерто де ла Круз го зазема второто место со цена на пивото од само 1,84 евра.
Следната дестинација е исто така многу популарна. Во Фаро, Португалија, едно пиво чини само 2,30 евра. Совршено е за пиење додека уживате во убавото време и песочните плажи на Алгарве.
Конечно, на четвртото место е главниот град на Хрватска, Загреб. Таму едно пиво, 568 мл, чини 2,87 евра.