Центарот за кариера на Универзитеот „Кирил и Методиј“ почна да ја изработува стратегијата за работа со цел студентите полесно да го изградат сопствениот кариерен развој.
Дел од нив, со кои разговараше Фактор велат дека на нивните матични факултети постојат центри за кариера и дека основната задача е самиот факултетот да им помагаме во креирањето на нивната кариера при наоѓање на работа во некои од државните или приватните институции, во зависност од нивното ниво и квалитет на стекнато знаење и вештини, како и личните афинитети. Сепак, како што нагласуваат, секогаш постои простор, и самиот Центар за кариера да се надгдарува со цел студентите да имаат подобар сервис.
-Минатата недела го добивме прашалникот за кариерен развој на студентите на УКИМ и бевме известени дека вомоментот се изготвува стратегија за работата на Центарот за кариера на УКИМ. Практично сега се прибираат мислењата на студентите а дел од прашањата на кои треба да одговориме со оценки од 1 до 10 се:
- Лесно можам да ја замислам мојата визија за тоа кој ќе бидам и што ќе работам за 15 години од денес
- Имам јасна претстава за тоа во каква околина / работно опкружување сакам да работам во иднина.
- Можам веднаш и без размислување да наведам три вештини во кои сум подобар/подобра од другите
- Свесен/свесна сум кои вештини треба да ги подобрам за да ја изградам мојата кариера од соништата... и така натаму.
Лично сметам дека треба да постојат вакви анкети, бидејќи огромен дел од нас студентите и воопшто не знаат дека постои кариерен центар при УКИМ, а уште помалку знаат што точно сакаат да работат и како би го развивале сопствениот кариерен пат. Кариерниот центар дава совети во која насока треба да се движиме понатаму и секако тоа е за оние кои не планираат да заминат од Македонија. Колку што сум информиран, инаку, се уште не сум бил во канцеларијатра, Кариерниот центар на мојот факултет им помага на студентите при извршувањето на практичната настава, во земјата и во странство, а посредува меѓу барањето на компаниите за практиканти и интересот на студентите за извршување на практична настава, вели Лазар Т од Скопје.
Истовремено, младите луѓе во земјава, особено оние кои студираат некоја од општествените науки, пример филозофија, не можат да набројат ниту неколку работни места поврзани со нивната област на студирање, заради што Кариерниот центар ќе се фокусира на ваквите прашања.
- Можам детално да опишам најмалку 5 работни места поврзани со мојата област на студирање со нивните работни задачи, потребни квалификации и вештини
- Имам направено лична биографија – CV која редовно ја ажурирам
- Лесно ми е да одговорам на прашањето „кажи ми нешто за себе„ и притоа да оставам добар впечаток
- Имам направено пишан кариерен план за моите наредни чекори по завршување на студиите...
Прашалникот е наменски дизајниран за да го истражи степенот на кариерна свесност на студентите на УКИМ и да ги идентификува потребите за поддршка од кариерно водство.
Резулатите ќе се користат за креирање на стратегија и активности на Центарот за кариера кои ќе одговорат на потребите на студентите во процесот на кариерен развој и подготовка за пазарот на труд.