Добро познати се кампањите на италијанските села и помалите заедници - поврзани со привлекување потенцијални жители. Затоа, нивната идеја е да се вратат напуштените, рурални средини кои населението со години ги напушта.
Затоа даваат куќи по симболични цени, постојат имоти дури и за 1 евро.
Овој пат, приказната е малку поинаква. Мал сончев град на југот на Италија понуди дури 30.000 евра на новите жители да дојдат и да се преселат таму. Станува збор за Presicce-Acquarica, место познато по своето „зелено злато“, односно исклучително квалитетно маслиново масло... Се претпоставува дека за само неколку години таму нема да остане никој.
Ова е, за жал, проблем со кој се соочуваат многу рурални области во Европа, особено во Италија. Населението што е таму старее, а младите масовно се селат во градовите или одлучуваат да немаат деца.
Затоа, во регионот Пуља почна нова кампања „Пресели се во Италија и заработи 30.000 евра“. Зад оваа акција стојат локалните власти, кои одлучија да поделат грантови на луѓето кои купуваат куќа и се регистрираат како жители на Presicce-Acquarica.
Инаку, тоа е место кое се состои од два мали града – Presicce е Acquarica del Capo, а се наоѓа на јужниот дел на италијанскиот регион Пуља.
Минатата година, градскиот совет започна програма за привлекување нови сопственици на куќи, за кои има посебно високи финансиски стимулации. За да можат да аплицираат, поединци или семејства мора официјално да аплицираат и да се преселат таму.
Но, условот е сè уште истиот: тие мора да инвестираат пари во куќите во кои се вселуваат, а овие имоти мора да бидат стари, односно изградени пред 1991 година. Околу 30% од недвижностите во сончевиот италијански град е таков.