На предлог на Министерството за економија, на последната седница на Влада беа усвоени измени за дополнување на Законот за возила.
Според информациите кои ги објави ТВ21 со измените се воведуваат неколку новитети:
Воведување на налепници за сите возила кои учествуваат во сообраќајот.
Зелена боја (I категорија): Возила со европски емисиони стандарди ЕУРО 5 и ЕУРО 6, како и возила со емисија на издувни гасови ЕУРО 4, на кои е вграден уред на течен нафтен гас или компримиран земјен гас, хибридни возила и електрични возила. Тие слободно ќе се движат во заштитените еколошки зони дури и при енормно загадување на воздухот во градските средини.
Жолта боја (II категорија): ЕУРО 3 и ЕУРО 4, како и возилата со емисија на издувни гасови ЕУРО 2 на кои е вграден уред за погон на течен нафтен гас или погон на компримиран земјен гас. Тие ќе има ограничено движење во сообраќајот, во зависност од Одлуките донесени од општините, односно од град Скопје во деновите кога ќе се утврди надминување на прагот на загаденоста.
Црвена боја (III категорија): Од ЕУРО 2 и пониско, како и возилата за кои производителот нема дефинирано емисија на издувните гасови. За нив ќе се воведе забрана за движење во општините во период кога има загадување на воздухот.
Воведување субвенции за купување на хибридно возило или возило на електричен погон.
Воведување субвенции на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во постоечките возила.
Воведување субвенции за купување на нови возила, со одјава на старо возило.
Со ова ќе се зголеми увозот на нови возила во однос на половните, со што значително ќе се забрза обновата на возниот парк.
Воведување на жилти таблици за такси возилата.
За да се постигне ред во такси превозот и да се спречи нелојалната конкуренција во оваа дејност преку забрана за вршење на нерегистрирана дејност.