Во центрите за Јавно здравје и здравствените домови континуирано се врши имунизацијата против сезонски грип и досега се вакцинирани над 29.000 граѓани...
Министерството за здравство информира дека за бесплатна вакцинација против сезонски грип досега се пријавени 58.012 граѓани. Во центрите за Јавно здравје и здравствените домови континуирано се врши имунизацијата против сезонски грип и досега се вакцинирани над 29.000 граѓани.
Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица.
За потсетување, заинтересираните можат да се пријават за бесплатна вакцинација со пополнување на апликацијата на веб страницата – vakcinacija.mk, а потоа преку смс порака добиваат повратна информација за точниот датум, час и место за вакцинација.
Со цел да се обезбеди заштита кај поголем број лица од сезонски грип, оваа година Министерството за здравство ја зголеми количината на купени вакцини, при што се купени 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи, стои во соопштението од Министерството.