![Денес ќе биде многу студено](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/6d/2f95a0d6-resize-820x0x100.jpg)
УХМР соопшти дека денес времето ќе биде сончево и многу студено, особено во утринските часови, кога температурата во најголем дел од земјава ќе се спушти под -5, а на места и под -10 степени.
Во вторник и во среда претпладне се очекува нов влажен бран, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег, а на пониските места со врнежи од дожд. Во вторник ќе дува засилен јужен ветер.
Според УХМР, кон крајот на неделата дневната температура ќе се зголеми.