Антикризните мерки утре треба да се најдат на владината седница и се насочени кон најранливите категории на граѓани. Предвидено е одреден надомест во наредните неколку месеци да добијат пензионери, ученици, студенти, самохрани родители…
-Опфатот ќе биде, преку 400 илјади граѓани ќе бидат опфатени со мерките и затоа се користат средстватта од солидарниот данок, обелодени денеска вицепремиерот за економски прашања.
До крајот на годинава во Буџетот се предвидени 75 милиони евра за антикризни мерки, а за идната година дополнителни 55 милиони евра пред се за продолжување на субвенционирањето на цената на електрична енергија, рече неодамна премиерот Димитар Ковачевски.
На почетокот на овој месец Владата го усвои Предлог-законот со кој се обезбедува мерката за финансиска поддршка на граѓаните со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.