Управата за јавни приходи продава движни и недвижни предмети запленети по основ на ненаплатени даночни долгови на јавна аукција што ќе се одржи на 23 ноември (петок).
Стварите се продаваат по систем видено-купено, а дополнителни рекламации нема да се примаат. На распродажбата се нудат автомобили како Алфа Ромео за 75.000 денари, Шевролет Спарк за 96.862 денари и Фиат Пунто за 90.000 денари.
На аукцијата ќе се наддава и за телевизори, компјутери, работни маси, уметнички слики, различни видови на машини, па дури и клими.
Целата листа на предмети можете да ја погледнете на официјалната веб страница на УЈП.