Охрид, 6. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија информираат дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), петок, 8-ми декември 2023 година, „Св. Климент Охридски“, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита празникот „Св. Климент Охридски“.