Заради платата, заради вашиот однос, заради лошиот однос со колегите..? А можеби пак ве сакаат заради убавото кафе во кујна.
Знаете дека е можно да не ве сакаат поради тоа што подот во тоалетот се лизга или дека столчињата им се неудобни? Не ви текнало на тоа?
И знаете ли дека тројца си заминаа затоа што мислеа дека не сте им посветиле доволно внимание, додека вие мислевте дека штом си молчат сè е во ред?
По последното заминување на вработената дознавте дека ве напуштила само поради тоа што на новото место ќе има бенефиција еден ден да работи од дома, а тоа го немала кај вас? Па да кажеше...
Ама најчесто не кажуваат. А вие после се секирате зошто не сте ги прочитале.
За тоа сега имаме „читач на мислите“ на ваште вработени. Т.е го слушаме пулсот на вашите вработени. Од денес за утре.
Брзо, лесно, со точни резултати.
Не чекајте да дојде новата година, оти статистиката вели дека најмногу откази се даваат во јануари!
За да ги спречите, на време прашајте ги вашите вработени што е она што им предизвикува незадоволство.
Како? Ви го нудиме Истражувањето за задоволството на вработените - Pulser.mk
Зошто да го измерите задоволството на вработените со Pulser?
Брзо, анонимно, целосно автоматизирано и многу едноставно можете да го дознаете степенот на задоволство и ангажираност на вашите вработени и најважните фактори за мотивација преку Истражувањето за задоволството на вработените - Pulser.mk
Без разлика дали вашата компанија има 10, 100 или 1000 вработени, за помалку од 24 часа ќе можете да го дознаете степенот на нивното не/задоволство.
Постапката за мерење се спроведува преку стандардизиран анонимен прашалник (онлајн или печатен или комбиниран) составен од 65 прашања/тврдења (скала за оценување од 1 до 4) кои се поделени во 9 категории со можност за дополнителни прашања по ваша желба.
Прашалникот е анонимен и детален, а сепак едноставен, разбирлив и лесен за пополнување. Тоа ќе ви овозможи да ја дознаете реалната слика за вашата компанија, директно и искрено од вашите вработени.
Со Pulser до награда Најдобар работодавач
Дополнителен бенефит од спроведеното Pulser истражување е и можноста сите компании кои ќе спроведат истражување до крајот на годината, да учествуваат во конкуренција за наградата „Најдобар работодавач“.
За повеќе информации посетете нѐ на Pulser.mk или побарајте нѐ на:
телефон: 070356813 | email: karolina@vrabotuvanje.com.mk