Со само 37 илјади жители на површина од 160 квадратни метри, Лихтенштајн спаѓа во една од најмалите, но и најпосебни земји во светот.
Државата речиси и да нема криминал. Последното евидентирано убиство се случило во 1997 година, а во земјата има само неколку затвореници.
Секој кој е осуден на казна подолга од две години, заминува во затвор во Австрија. Луѓето во Лихтенштајн се чувствуваат толку безбедно што поголемиот дел од нив не ги заклучуваат вратите од своите домови.
Швајцарија во една прилика извршила инвазија на Лихтенштајн - швајцарските војници, наоружани со пушки но без куршуми, во текот на една воена вежба случајно ја преминале границата. Еднаш годишно, сите жители се поканети на забава, односно на пиво во градините на дворецот Вадуз.
Пред пет години постоеше можност да се изнајми целата држава за една вечер. Имено, во соработка со сервисот "Airbnb" беше понуден простор за сместување за 150 гости, дегустација на вино со принцот и креирање на персонализирана валута, а ваквото задоволство изнесуваше 70 илјади долари.
Химната на Лихтенштајн "Oben am jungen Rhein" ја има потполно истата мелодија како химната на Велика Британија - "God Save the Queen".
Во Лихтенштајн, официјален јазик е германскиот, но жителите воглавно не го говорат. Поголемиот дел од нив се служат со алеманското наречје кое е поинакво од стандардниот германски јазик.
Се до 1984 година, поради пропаѓањето на трите референдуми, жените во Лихтенштајн немале право да гласаат на изборите. На референдумот можеле да излезат само мажи, така што тој успеал по четвртиот обид, со 51,3 отсто од гласовите "за".