Престижната награда за најубав дизајн на автомобил произведен во 2023-та година ја доби шведскиот „Polestar 4“, електрично „SUV“ купе. Оваа награда ја додели жири-комисија составена од професионални дизајнери на автомобили, а веста е објавена во најновото печатено издание на „Car Design Review“, во сопственост на „Car Design News“.
Овогодишното жири од 16 членови ги вклучувало шефовите на дизајн на „Audi“, „Ford“, „Lamborghini“, „Lucid“ и „Mercedes“.
На ниеден судија не му е дозволено да гласа за сопствениот дизајн, па дури ни за автомобили на други марки во својата група, така што процесот на гласање е направен да биде фер.
„Polestar 4“ е препознатлив и поинаков. Неговиот храбар дизајн е направен со вкус и се гледа дека размислувале за секој детаљ – било кажано од жирито.
Произведувачот „Polestar“ настанал во 1996-та година, а во 2015-та година го купи „Volvo“. Профилиран е како бренд кој е посветен на електрични возила кои го следат врвниот минималистички дизајн и иновативната технологија.
Еве ја листата од топ 10 најубави автомобили за 2023-та година по изборот на ова жири:
1. Polestar 4
2. Kia EV9
3. Volvo EX30
4. Jeep Avenger
5. HiPhi Y
6. Lamborghini Revuelto
7. Ford Explorer
8. Zeekr 009
9. Aion Hyper SSR
10. MG Cyberster