![„Безбеден град“ ќе се проширува и во другите градови и автопатите низ земјава](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/7e/c3df4de7-resize-820x0x100.jpg)
Системот „Безбеден град“ ќе се надградува, а тоа ќе значи вклучување на поголемите градови и на автопатите низ државата, најави министерот за внатрешни работи.
„Во овој момент го имаме само во Скопје, Куманово и Тетово, а во тек е процес на надградба на целиот овој систем. Надградбата ќе ги вклучи и автопатиштата низ државата и овие три града и тука ќе се вклучи, секако, и електронското утврдување на сообраќајните прекршоци“, рече Спасовски при неговата денешна посета на СВР Штип.
Идејата, како што рече Спасовски, е системот да се прошири, пред сè, во големите градови каде што има поголема фреквенција на луѓе.
„Штип е еден од тие градови, иако мораме да кажеме дека истокот, подрачјето на Штип, е мирно, стабилно, меѓутоа секаде каде што имаме видеонадзор имаме подобрување на безбедносната состојба, но ни помага и во откривачката дејност на јавната безбедност“, додаде Спасовски во одговор на новинарското прашање.