Цените за сместување на Златибор, како и на другите српски популарни планини, традиционално се зголемуваат од сезона во сезона, особено ако се земе предвид се помасовната градба и атрактивната понуда. Изникнуваат нови хотелски комплекси, како и нови станови, додека дел од нацијата реши да купи/изгради сопствен недвижен имот дури и во периодот на пандемијата.
Факт е дека се поголем број Македонци сакаат зимскиот период да го поминат на некоја од планините во Србија, но веќе место нема ниту за лек.
Цените и понудите скокаат не само во овој дел на западна Србија, туку и во Копаоник, Стара планина, Дивчибари и други планински дестинации, особено во „пикот“ на сезоната: Божиќ и Нова Година, односно Велигденските празници и 1 мај. .
Неодамна нè контактираше читателката Тања (60) од Белград, која вели дека збеснала кога видела до каде отишла „дрскоста“ на сопственик на стан на Златибор.
- Разбирам дека ги покачуваат цените за сместување, сите би, но очекував дека ноќевање ќе чини двојно повеќе во периодот од 29 декември 30 до првите денови на јануари... Сепак, цената е пет пати повисока! Кога ги внесов посакуваните термини, во средината на месецот сеуште може да се најде сместување/четири ноќевања за 100 или 120 евра, но се после тоа е околу 50.000, 60.000 динари, односно 500 евра. Нечуено! - вели Тања за српски Телеград.
Кога баравме сместување на Booking, за двајца возрасни во периодот од 29 декември 2023 до 02 јануари 2024 година, цените одат и до 147.000 динари за четири ноќевања во дадениот период. Воедно, ова е намалена цена од редовните 180.000 српски динари.