Ако користите уред со Android, проверете дали имате некоја од овие опасни апликации и деинсталирајте ги од вашиот мобилен телефон. Имено, Google отстрани вкупно 13 апликации од својата Play Store, откако безбедносните експерти од McAfee открија дека се заразени со опасниот баг Xamalicious.
По инсталирањето на апликацијата, опасниот вирус им дозволува на измамниците од далечина да преземат некои функции, вклучително и навигација на екранот и доделување серија дозволи. Со ваков пристап, хакерите можат да заразат уреди со несакан шпионски софтвер или дури и банкарски тројанци кои крадат пари без сопственикот воопшто да биде свесен дека нешто лошо се случува.
McAfee потврди дека се откриени вкупно 25 апликации кои го содржат овој злобен вирус Xamalicious, а 13 од нив се лесно достапни за преземање преку официјалната Play Store на Google. Досега ги имаат инсталирано повеќе од 300.000 корисници.
Овие се следните апликации:
Essential Horoscope for Android
3D Skin Editor за PE Minecraft
Logo Maker Pro
Auto Click Repeater
Count Easy Calorie Calculator
Sound Volume Extender
LetterLink
Step Keeper: Easy Pedometer
Track Your Sleep
Sound Volume Booster
Astrological Navigator: Daily Horoscope & Tarot
Universal Calculator
Ако сте инсталирале некоја од овие апликации, отстранете ја од вашиот Android што е можно поскоро. Дополнително, express.co.uk советува да извршите антивирусно скенирање за да проверите дали Xamalicious е инсталиран без ваше знаење.