Пицата печена во Франција го собори Гинисовиот рекорд за најмногу сирења на пица - оваа креација која соборува рекорд вклучува 940 француски сирења и 61 сирење од други делови на светот, а ја подготвија француските пица мајстори Беноа Бруел и Фабиен Монтеланико.
За да успеат во својот план и да го соборат Гинисовиот рекорд, производителите на пица секое сирење го исекле на коцка од два грама и го додале во тестото за пица. „Моравме претходно да го испечеме тестото за пица за да спречиме да се кине под тежината на целиот фил“, објасни Бруел за книгата на рекорди.
Како ја направија пицата?
Помеките сирења ги ределе врз поцврстите и ги опкружувале со калап за да не се излеат при печењето. Потоа, по две минути, тој калап бил отстранет, а пицата се печела уште 20 секунди пред да се извади.
Бруел, кој веќе го собори Гинисовиот рекорд за најмногу кашкавал на пица во 2020 година, кога користеше 254 различни кашкавали, поминал пет месеци патувајќи низ Франција во потрага по дополнителни сорти на сирење. Во многу продавници за сирење дури и бесплатно му го давале своето сирење, откако дознале дека се обидува да го собори светскиот рекорд.
„Беше вистински успех да се биде меѓу производителите на сирење, како и да се посетат фармите и да се сретнам со производителите кои се страстни за својата професија“, изјавил Бруел, кој пече пици веќе 13 години, а сега конечно добија признание за тоа.