Неплатената пракса е главната можност за професионален почеток на младите. Сепак, она што се чини дека е порта за учење и раст често крие сурова реалност, неплатеното стажирање е форма на експлоатација, пишува во анализата на „The Guardian“.
„Во многу случаи, неплатената практикантска работа всушност ги заменува најниските позиции“, вели Теа Јарк од Европската конфедерација на синдикати.
Ова е реалност што станува се почеста за младите луѓе бидејќи неплатените програми растат во поголемиот дел од светот. Но, во ЕУ, каде што парламентот постојано ги опишува како „форма на експлоатација на младите работници и кршење на нивните права“, наскоро може да дојде до промени.
Во јуни, членовите на Европскиот парламент со големо мнозинство гласаа за Европската комисија да воведе закон за забрана на повеќето неплатени стажирања низ целиот блок. Според „The Guardian“, проектот се очекува да биде готов на почетокот на 2024-та година.
Неодамнешното истражување покажа дека 78% од младите поминуваат барем една практикантска работа. Наспроти оваа позадина, сепак, пристапот на компаниите кон практикантите останува нерегулиран, како што предупредуваа различни организации во последниве години. Поради оваа причина, европратениците сакаат да го подобрат квалитетот на овој пристап.
Програмите за практикантска работа се разликуваат многу, од оние кои нудат обука и отскочна штица до подобар развој на кариерата до оние кои едноставно ги користат младите луѓе како форма на евтина или неплатена работна сила, забележува и „Guardian“.
Целиот текст можете да го прочитате на denar.mk