Австрија ги заострува казните за возачите кои возат со голема брзина. Од март 2024 година, возачите кои возат пребрзо не само што ќе подлежат на високи казни, туку во екстремни случаи и нивниот автомобил може да биде одземен.
Критериумите според кои ќе се одземат возилата се:
Ако ограничувањето на брзината во урбани средини надмине повеќе од 60 километри на час, автомобилот може веднаш да биде задржан две недели.
Ако возите над 80 километри на час во урбани средини или над 90 километри на час надвор од градот, вашето возило може трајно да биде одземено. Потоа ќе се најде на аукција во Австрија, пишува Феникс Магазин.