Ноемвриска плата не примиле 20.601 вработен кај 9.975 работодавачи, соопшти директорката на УЈП Сања Лукаревска. Овие работници, пред се во микро компании, за жал, за Нова година останале без пари.
– Заклучно со 29 декември 2023 годиа, пресметки за ноември поднеле и платиле 60.143 работодавачи за 535.634 вработени. Прифатени и неплатени пресметки има од 4.441 работодавачи за 10.921 вработен, а неподнесени пресметки има од 5.534 работодавачи за 9.680 вработен – рече Лукаревска.