Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 22-ри ноември 2018 година (четврток), е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија по повод Денот на Албанската азбука.
Следен државен празник кој претставува и неработен ден за сите граѓаните на Репулика Македонија е 8-декември по повод празнувањето на Св. Климент Охридски.
Прочитајте и: Девет продолжени викенди во 2019 година