Паркингот во „Дајмонд Мол“ од денес ќе се наплаќа.
По три месеци бесплатно паркирање од денес посетителите во „Дајмонд мол“ ќе мора да платат за паркирање на своите автомобили. Еден час паркинг чини 50 денари и секој дополнителен час се наплаќа исто 50 денари.
Официјална информација од страна на шопиног молот сè уште нема, веста од страна на посетителите беше споделена на социјалните мрежи.
Во „Дајмонд мол“ има продавници со најпознатите и актуелни домашни и светски брендови, улица со ресторани наречена „Гурмет авенија“, како и едукативен центар за забава за деца и млади „Dream Zone“.