Православната црква и верниците, како и другите цркви и народи кои го почитуваат јулијанскиот календар, на полноќ го означуваат почетокот на новата 2024 година. Ширум земјава денес се палат василичарски огнови, а се крши и пита со паричка.
Василичарски огнови попладнево се палат во Бутел 2 во дворот на училиштето „Панајот Гиновски“, на Црвени брегови, во Ѓорче Петров и во други општини.
Православната Нова Година, позната како Јулијанска Нова година, е празник кој се слави на 14 јануари според Грегоријанскиот календар во балканските земји, Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина (Република Српска), како и во православните делови на Хрватска, а на тој датум е 1. јануари според јулијанскиот календар.
Јулијанската Нова година се слави и во Русија, Белорусија, Украина, Ерменија, Молдавија и Грузија, а интересен е фактот што традицијата на славење на Јулијанската Нова година постои и во некои германски кантони во Швајцарија, но и во некои делови од галската заедница во Шкотска.