Како да откриете скриени таленти и да ги разбудите заспаните вработени во сопствениот тим е само една од темите на кои престижниот автор, консултант, психолог и тренер д-р Меги Еванс ќе зборува на 12-тата по ред HR Days конференција, која ќе се одржи на 8 и 9 мај во Ровињ, Хрватска
Разбуди се, спреми се, дојди на работа, вклучи го лаптопот, провери мејл, одржи состанок, изгасни ги „најголемите“ пожари...
Понекогаш ви се чини дека животот ви влегол во рутина?!
Повторувачките дејства можат да ги претворат дури и најдобрите во поспани, немотивирани луѓе кои не даваат се од себе. Но, што ако имате повеќе такви луѓе во вашиот тим? Дали сте вработиле погрешни луѓе или едноставно сте ги ставиле на погрешни позиции, поради што не можете да го извлечете максимумот и тој вистински сјај од нив.
Како да откриете скриени таленти и да ги разбудите заспаните вработени во сопствениот тим е само една од темите на кои престижниот автор, консултант, психолог и тренер д-р Меги Еванс ќе зборува на 12-тата по ред HR Days конференција, која ќе се одржи на 8 и 9 мај во Ровињ, Хрватска.
Признаена како влијателен комуникатор, Меги комбинира стратешко размислување со реални и практични решенија. Со своето знаење и вештини, таа досега им помагала на клиенти како The Boots Company, PwC, BGL, Gulf International Bank, Civica, Channel 4, NHS, AIB и OMERS во стекнување различни и понапредни погледи, се со цел да ја намалат комуникацијата „бучава“ и да се фокусираат на клучните прашања кои ќе направат разлика.
Ослободете таленти во организацијата
Во рамки на своето интерактивно предавање „Transforming Underachievers & Getting Everyone on the Pitch“, д-р Еванс ќе даде одговори на некои од прашањата:
- Како да го запознаете вашиот тим и да го извлечете најдоброто од луѓето со кои соработувате секојдневно?
- Зошто комуникацијата треба да започне од менаџментот и како лидерите можат да создадат ангажирана и продуктивна деловна култура?
- Како да испратите повратни информации што ќе резултираат со подобри резултати и посилен ангажман во иднина?
И додека деловниот свет е во постојана потрага по таленти, д-р Еванс се впушти во лична мисија да ги ослободи талентите во рамки на организации, тимови и поединци. Затоа, нурнете со неа во нов свет и откријте какви тајни крие вашиот колектив!
Резервирајте го вашето место уште денес по цена за рана пријава и подгответе се да го дочекате новото поглавје од најпосебната приказна за човечки ресурси. Се гледаме во Ровињ на 8 и 9 мај!